Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку тројца загинати во поплавите по обилните дождови во Шпанија

/

пред 1153 дена

Сподели преку :

Најмалку три лица загинаа по обилните дождови кои ја зафатија Шпанија, предизвикувајќи поплави кои принудија затворање на линиите на метрото во Мадрид и брзите железнички врски . Тројцата  загинаа во селата околу Толедо, каде што метеоролошката служба Аемет регистрираше рекордни врнежи од 90 литри на метар квадратен во неделата.

Невремето викендов ја зафати речиси целата земја, а најобилните врнежи се забележани во неделата во крајбрежните провинции Кадиз, Тарагона и Кастело, соопшти Државната метеоролошка агенција.

Денес беа испратени хеликоптери за да ги спасат луѓето кои побараа засолниште на покривите на нивните домови во централниот град Толедо, на околу 50 километри југозападно од Мадрид.

Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.