Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

/

пред 551 дена

Сподели преку :

Се одбележаа 24 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28-ми април 2001-ва година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Бреза.

Почит на загинатите им беше оддадена со едно-минутно молчење, а цвеќе положија делегации на одборот на бранители, Министерството за одбрана, Армијата, МВР, политички партии.

На 28-ми април 2001-ва беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при СВР Битола, Роберт Петковски, Игор Костески,  Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски.

Од одборот на бранители бараат државата да ги заштити спомен-обележјата на бранителите. Таблата со имињата и фотографиите на убиените кај Вејце, се носат само за одбележување на денот, а потоа се земаат, за како што велат организаторите, да не им се сквернават имињата бидејќи со години наназад таблите се кршат само неколку часа по нивното поставување.

Одборот на бранители бара конечно институциите да се одважат и да направат споменик како што доликува, како и да ги заштитат обележјата.