Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Настрешницата меѓу Бит пазар и Старата чаршија треба да се урне зашто е дивоградба, велат од Градскиот конзерваторски центар по спроведен увид и мерења

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Со Закон од 2008 година, Старата скопска чаршија е прогласена за културно наследство од особено значење и е ставена под трајна заштита на државата. Но, Општина Чаир минатата недела овдека отвори настрешница, која е замислена како премин од Бит пазар, овде кон чаршијата. А по спроведениот увид, од Конзерваторскиот центар – Скопје велат дека се работи за дивоградба, која не може да се легализира , туку треба веднаш да се урне, а градоначалникот Ганиу, кривично да одговара.

По спроведениот увид на 27 минатиот месец и геодетски мерења за утврдување на точната позиција, од Концерватоскиот центар- Скопје велат дека подолгиот дел од настрешницата од 9, 5 метри навлегол во Споменичката целина – Скопска чаршија, а пократкиот дел од 6, 5 метри е во Контактната зона „ Дуќанџик’. А, во двете е забрането градење за да не се нарушува афтентичниот изглед на просторот и затоа настрешницата треба да се отстрани.

  • Оваа настрешница, согласно елаборатот на Старата скопска чаршија и режимот на заштита од прв степен го нарушува интегритетот на Старата чаршија и затоа треба да биде отстранета, вели Вера Атанасовска, раководител на стручниот тим за увид од Конзерваторски центар- Скопје.

Според Атанасовска, се работи за настрешница која што не е урбана опрема, што инаку Законот за градење дозволува да се постави, зашто овдека се работи за тврда градба, прицврстена на јавна површина.

  • Овде се работи за челична конструкција, која што е фундирана на јавна површина, и тоа на простор , каде што е забранет секаков вид на градба. Посебно со ДУП-от „ Мавровка“, каде што е предвидено да биде јавна површина-сквер и е забранета секаков вид градба, кажа Атанасовска.

Нема маркичка за каква било градење на скверот зашто е забранета секаква градба, дополнува Атанасовска .

За овој случај од Градскиот конзерваторски центар веќе изготвиле извештај , кој што денеска ќе го испратат до Управата за заштита на културното наследство. Таа е надлежна да побара од Општина Чаир да ја урне дивоградбата.

Од партијата Левица преку соопштение бараат коалицијата ДПМНЕ/ЗНАМ да покрене кривична одговорност за непочитување на законите и уништување на култирното наследство. Велат, нема да дозволат и овој пат самоволието на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси.

Телма го контактираше градоначалникот на Чаир, Ганиу. Тој демантира дека настрешницата е дивоградба која треба да се урне. И најави дека ќе ги соберат сите документи околу овој проект и јавно ќе ги објават.

Сотир Трајков