Екипи на ЈП Улици и патишта – Скопје денеска веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.
- Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата, информираат од Град Скопје.
Оттаму соопштуваат дека дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Граѓаните од општината реагираа за новонастанатата штета на социјалните мрежи и бараат одговорност. Ѕидот бил граден во време на поранешниот градоначалникот Коце Трајановски.











