Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова драма со надзорот на тајните служби- Скендер Зејд Реџепи го „зафатил“ претседателското столче иако Африм Гаши се обиде да го прескокне -посетата на АНБ ќе биде во среда

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Во ист ден, двапати закажана, двапати откажана комисијата за надзор на тајните служби за да се утврди датум за посета на АНБ и проверка на обвинувањата за следење на политичари, новинари и јавни личности.

Деловникот беше пречка за да се реализира намерата на спикерот Африм Гаши да го прескокне претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи. Комисијата беше закажана првин во 11, па по заканите од Реџепи за кривични пријави и непочитување на деловникот- се одложи.

Потоа претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи ја закажа седницата за во среда иако владеачките пратеници инсистираа се да се заврши денеска и посетата на тајната служба АНБ да биде во вторник.

Гаши се обиде пак да ја закаже за денеска во 17 часот и ја определи Славјанка Петровска од СДСМ да ја води комисијата наместо Скендер Зејд Реџепи.

Но, Реџепи кој е претседател на комисијата стигнал 10-на минути пред закажаниот старт и го зафатил претседателското столче.

Пратениците од комисијата зад затворени врати и со повишен глас на крај се договорија да го испочитуваат комисискиот претседател и неговиот термин во среда. По комисијата веднаш ќе ја посетат АНБ.

Тајни служби како шерифи- Зејд Реџепи за недобивањето на сертификат, дали спикерот го згреши деловникот и ја прескокна процедурата за комисиска посета на АНБ

Тензичниот ден заврши, а претходно во собраниската сала се менуваа пратеници со исти изјави дека работат во интерес на гласачите за ефикасен надзор на тајните служби.

Миомир Серафиновиќ