Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови регистарски таблички за државни возила- рокот е до 15-ти септември да се сменат на над 7 000 државни автомобили, нема казни за институциите кои ќе „задоцнат“ со обврската

/

пред 404 дена

Сподели преку :

На црвена позадина со жолти бројки и букви и со националната ознака NMK на сина позадина, над дваесетина возила денеска се закитија со нови регистарски таблички за државни возила. На промоцијата присуствуваа директорите на СОЗР и БЈБ, Ивица Томовски и Александар Јанев, како и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

-Им дадовме насока и препорака на сите институции во државата да отпочнат со промена на тие таблици. Ова нека биде втор повик. Имаат рок до 15 септември, овој месец да ги брендираат сите возила. Доколку и тоа не го направат, ќе повикаме по трет пат да се брендираат, со цел до 29 септември, односно до почеток на кампањата за локални избори сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, нагласи директорот на владината Служба за оопшти и заеднички работи, Ивица Томовски.

За оние институции и функционери кои што ќе заборават да ги пријават државните возила нема да има казни како за граѓаните. Томовски објасни дека Правилникот не предвидува казни, појаснувајќи дека доколку некои избегнат, односно не направат брендирање во рокот до 29 септември, тоа ќе мора да го направат со регистрација, кога ќе добијат посебни таблици во боја.“

Томовски, денес на прес-конференција информираше дека станува збор за околу 7 до 7,5 илјади државни возила, потенцирајќи дека МВР заклучно со 31 декември годинава презело обврска да направи регистар на службени возила.

Миомир Серафиновиќ

На 15 септември истекува рокот за замена на регистарските таблички на службените возила