Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново убиство поврзано со војната на двете скопски криминални групи

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Убиен е таткото на Гани Туша, додека работел на нива во скопското село Блаце. Гани Туша е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки летоска на Халкидики и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеионов во Шиша бар во Скопје пред една година.

Неговиот татко е најден попладнево со рани пд огнено оружје.

По убиствата кои се дел од пресметката меѓу скопските нарко банди, Туша е во притвор во Скопје.

Туша е припадник на групата Барон/Беланоца која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар. Првично има сомнежи за сторител кој има мотиви за убиството

Од полицијата го потврдија убиството кое се истражува:

-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пред убиството на Туша било запалено кафулето “Барон” по кое името го носи една од скопските банди