Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новороденчето од Куманово е во стабилна, но сѐ уште многу тешка здравствена состојба

/

пред 761 дена

Сподели преку :

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31 годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка.

Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.

Состојбата  е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе  и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

Како што информираа од Кумановската болница, родилката била примена во четвртокот, а породувањето кај неа веќе било започнато, но со слаби контракции. Лекарите чекале до петокот жената да се породи по природен пат.

Но, кога почнале со  стимулации  нагло престанала срцевата работ, а безуспешни биле обидите за реанимација на родилката, по што извршен царски рез и бебето е извадено живо.

По овој трагичен настан, во болницата во Куманово увид извршија полицијата и јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција, со која треба да се утврди од што настапила смртта, но и дали е направен пропсуст односно дали има лекарска грешка.

Ова било второ породување на  младата жена, а  првото минало без никакви проблеми.

Емилија Мисирлиевска