Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавена пресудата за Боки 13 -тој е виновен, а Фросина Ременски е ослободена во предметот „Меѓународен сојуз“

/

пред 1659 дена

Сподели преку :

На изрекувањето на пресудата во случајот „Меѓународен сојуз“ сите 5-мина се прогласени за виновни.

Бојан Јовановски (Боки 13) е осуден на 9 години затвор

Јасна Мандиќ Ерцеговиќ (претседател на НВО Меѓународен сојуз) е осудена на 4 години затвор.

Фросина Ташевска Ременски поранешен потпретседател на СДСМ и поранешен потпретседател на Собранието е ослободена од обвинение затоа што обвинителството не докажало, соопшти судот.

Христина Карајованова Блажевска (асистетка и соработничка на Боки 13) е осудена на 1 година затвор.

Миле Јовановски (татко на Боки 13) е осуден на алтернативна мерка, условна пресуда од 2 години затвор доколку наредните 5 години не стори друго кривично дело.

Боки 13 до судијката: Ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува!

Правното лице Меѓународен сојуз е осудено на 1 милион денари казна.

Судот пресуди и конфискација на имотна корист стекната или употребена за кривично дело.