Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинети мажот и жената кои учествуваа во бегството на 18-годишниот Саитов кој во сообраќајна несреќа усмрти жена во Скопје

/

пред 260 дена

Сподели преку :

Двајцата жители на Скопје кои помогнаа во бегство на 18-годишен возач по сообраќајна несреќа со загинат пешак се обвинети за „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Несреќата се случи на 9-ти јануари по што 18-годишниот Саит Саитов избега од државата оставајќи ја на скопскиот коловоз 79-годишната Љуба Јаковлеска која почина од ударот на возилото на тинејџерот. Истрагата за несреќата трае и покрај возачот за кого е распишана меѓународна потерница, осомничен е и неговиот татко.

Истрагата за помагањето на бегство заврши и е утврдено дека мажот и жената „со “Мерцедес” дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Србија.“ По помагањето, се вратиле околу полноќ во државата.

Двајцата се во притвор, жената во домашен, а обвинетиот маж во затворски притвор. За делото за кое се обвинети предвидена е затворска казна од три месеци до 5 години.

Во продолжение, целото соопштение на Јавно обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

Со автомобил “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.

Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

Член 365 став 2 од Кривичен Законик

Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

Момчето кое возејќи кола без дозвола усмрти жена во Капиштец и неговиот татко побегнале во соседна земја – МВР ги презема сите мерки за нивно приведување а на случајот работи и Интерпол