Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството отвори истрага за пожарот во Трубарево- се уште ги чека резултатите за загаденост од Животна средина

/

пред 399 дена

Сподели преку :

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.

Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска и токсична  контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до обвинителството.

ОЈО Скопје ги очекува резултатите од извршените мерења и од надлежните служби на Министерството за животна средина.

Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот.

Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето.

До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита.

(ВИДЕО) Ден потоа во Трубарево, чад и силен мирис на пластика, празни улици