Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството распиша потерница по Васко Ковачевски, судот му определи 8 дена притвор во отсуство- тој ја напушти Македонија пред истрагата за злоупотреби во ЕСМ

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Обвинителството соопшти дека по Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ е распишана меѓународна потреница во рамките на истрагата Адитив. Ковачевски од судот доби 8-дневен притвор, определен во отсуство.

Ковачевски е поранешен директор на ЕСМ опфатен со истрагата за злоупотребите со набавка на адитиви за термоцентралите РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Пред да биде отворена истрагата на 10-ти декември, тој не беше во државата. Заминал на крајот на август во Грција, но полицијата не успеа да ло лоцира и дури во петокот го извести судот дека Ковачевски не е во државата.

Со истрагата се осомничени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Во продолжение целото соопштение на Обвинителството:

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.