Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска стапува на сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22 до 06ч

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Прво опомени, па кази за фрлање ѓубре после 22 часот. Од денеска стапува на сила одлуката со која се забранува фрлање смет од 22 до 06ч.

Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра но може да биде и повисока во зависност од типот на отпад.

Комунални иснпектори на градот и општините ќе патолираат низ скопските улици.

Таргет ќе бидат фирмите кои одлагаат градежен шут. Граѓаните се поделени во ставовите за ваквото ограничување и за висината на казната.

„Ние што живееме во згради, имаме контејнер само за нас, ама проблем е што фирмите исто фрлаат тука и многу ѓубре се собира. Треба да се нареди фирмите да имаат посебно“, предлага граѓанка.

„Очекувам дека одлуката треба да влијае  врз свеста на сите граѓани и да се среди состојбата со сметот во Скопје“, смета жител.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека мерката е пред се насочена кон правните субјекти кои, како што тврдат, најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови.