Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охридската полиција го уапси српскиот пејач Раста поради марихуана- не настапил на концерт

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Ноќеска во Охрид поради поседување на дрога бил уапсен раперот од Србија, Стефан Ѓуриќ познат како Раста. Полицајците го уапсиле на стадионот Билјанини извори каде според српските медиуми требало да настапи како предгрупа на концерт.

Полицијата го потврди апсењето.

-На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Уапсениот Ѓуриќ- Раста и претхпдно имал слични дела во Србија каде еднаш бил и во домашен притвор за поседување наркотици.

Паднал од тротинет и починал по два дена