Тој ќе одговара за тешки дела против безбедноста на лугето и имотот во сообракајот и за неукажување на помош на лице повредено во сообракајна незгода .
Обвинетиот управувал со мотор, при што непрописно се движел по пешачка патека на улицата ,,Јордан Хаџи Константив – Џинот.’’ Спротивно на сообраќајните прописи, без прилагодена брзина и возачка дозвола, го усмртил пешакот Југослав Николовски без можност да запре навремено.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди при што бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде починал.
Сообраќајната незгода се случи на први јули годинава. Николовски излегол да фрли ѓубре. Бил прегазен на пешачката патека пред својот дом, под прозорецот на станот каде што живеел. Моторот го удрил од зад грб. Оваа трагедија предизвика вознемиреност во целата јавност.











