Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски домаќински од Охрид посакува позитивна вест од разговорите на Вучиќ и Курти во Охрид во интерес на целиот регион

/

пред 1313 дена

Сподели преку :

Позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. Тоа денеска од Охрид го изјави претседателот Стево Пендаровски, пред почетокот на втората сесија на Дијалогот Белград-Приштина каде ќе се сретнат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти под покровителство на ЕУ.

– Имав средби со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти, но само се поздравив со нив и им посакав успешна работа. Тоа кажувам, не можам да знам, бидејќи не сум на маса на преговорите. Македнија е само домаќин и ве уверувам дека ќе бидеме одлични домаќини. Претпоставувам дека тоа макар малку може да придонесе за позитивен исход од овие разговори, рече Пендаровски.

За текот на разговорите и очекувањата од нив, Пендаровски рече дека не може да даде каква било проценка бидејќи, како што рече „не сме дел од преговорите, туку само домаќини“.

Пендаровски дојде во прес центарот каде се поздравуваше со новинарите по што ја даде изјавата во ист термин со закажаната прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски. Пендаровски ја даде изјавата од нога на најголем по барање на дел на српските медиуми присутни во Охрид по што на следењео на неговата изјава се приклучија и останатите медиуми.

Додека Пендаровски ја даваше изјавата на скали, на пристапот до бината за официјални изјави чекаше Ковачевски. На крај кога успеа да дојде до бината, крахираше тонското озвучување,, па прес конференцијата доцнеше 15-тина минути.

Од Охрид за Телма известуваат, Миомир Серафиновиќ, новинар и Фахрудин Смаилагиќ, снимател.

ФОТО: И полициски брод во обрачот околу вилата Билјана во Охрид за заштита на Вучиќ, Курти, Ескобар, Борел