Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пензиите се ниски, а сметките многу високи – порака од протестот на штипските пензионери

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

И покрај тоа што изминаа само неколку часа од месечното префрлање на пензиите, протестот на штипските пензионери продолжи и денес. Протестот се одржа на градскиот проштад „Слобода“, каде со празни новчаници го доловуваа ставот дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи.

,,Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана. Само 4.500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, вели еден од пензионерите кои денеска протестираа.

Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип ги повтори барањата за линеарно зголемување од 5.000 денари и минимална пензија 18.000 денари и повика на масовност на протестот на 7 ноември пред неколку странски амбасади во Скопје.