Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По речиси триесет години прво гостување на македонски театар на сцената на Националниот театар во Тирана

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

По речиси триесет години прво гостување на македонски театар на сцената на Националниот театар во Тирана. Битолскиот народен театар вечерва ќе ја изведе претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во режија на Ќендрим Ријани. За Ријани ова е прва соработка со Битолскиот народен театар, но и прва претстава која ја работи на македонски јазик.

Вечерашното гостување на Битолскиот народен театар е во  организација на Македонскиот културно – информативен  центар во Тирана. За Ориѓански во ова брзо темпо на живеење, економска криза, токму уметноста ја има моќта да ја разоткрие сета убавина на меѓукултурниот дијалог.

Веднаш по изведбата на на „Артуро Уи“ во Македонскиот културно-информативниот центар во Тирана ќе биде отворена изложбата на костими на Благој Мицевски и театарски плакати.

За Телма од Тирана Нина Стефанова