Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По нападот и истрелот врз полицискиот началник во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува заменик директорот на полицијата и Спасовски, МВР им возвраќа –ширите дезинформации

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по објавувањето на снимката на која на местото на инцидентот во Чаир (насилник се обиде да пука во глава на полициски началник) се гледа и заменик директорот на БЈБ Ариф Асасни, побара одговори од надлежните и обвини дека Асани го олсободил насилникот кој треба да лежи и затворска казна.

-Сега Оливер Спасовски, Владата и СДСМ мора да одговорат, дали е ова автентична снимка од пукањето во Чаир? Дали е ова снимка од безбедносната камера од системот Сејф сити во Чаир? Дали лицето во сината кошула снимено од камерата на Сејф сити  е Ариф Асани, заменик директор на БЈБ? Дали сега се уште ќе молчат МВР, Оливер Спасовски, Владата, СДСМ и ќе го кријат случајот? Дали треба некој да биде смртно застрелан за да се отвори вистината за делувањето на МВР под Оливер Спасовски? Оливер Спасовски, Владата и СДСМ не смеат да не одговорат- дали се заложници на ДУИ само и само за гола власт и дали само заради власт кријат криминогени дејства дури и од челници на БЈБ, рече Стоилковски.

Од МВР пак тврдат дека станува збор за дезинформации на опозицијата.

–Во врска со вашето прашање за видеото околу кое од страна на ВМРО ДПМНЕ беа пласирани дезинформации, ве известуваме за случајот за којшто МВР веднаш ја информираше јавноста, а според кој на 23.05.2022 околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на угостителски објект на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој на 24.05. сам се пријавил во полициска станица и за него е изречена мерка 30-дневен притвор, која лицето веќе ја издржува, одговорија од МВР.

Судир меѓу заменик-директорот на јавната безбедност и полициски началник од Чаир поради апсење на скопјанец кој пукал пред полицајци?

Оттаму одговорија дека е обезбеден  пиштолот и видео снимки од настанот, известен е Јавен обвинител, а Единицата за насилен криминал веќе поднесе кривична пријава против М.Љ. по член 383 и по член 396 од Кривичниот законик, како и Известување до ОЈО со целокупниот материјал од истрагата. Во расчистување на случајот од првиот момент е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

И во денешниот одговор од МВР не се спомнува името на Ариф Асани актуелен заменик директор на Бирото за јавна безбедност кој според снимките објавени на твитер и тврдење на објавувачот бил на местото на инцидентот. Асани е и поранешен заменик директор на АНБ и на УБК.

ВМРО-ДПМНЕ пак тврди дека осомничениот всушност е осудено лице за кое што е испратен документ за приведување заради затворска казна пука врз полиција и е ослободено заради интеревенција на заменик директор на БЈБ.