Полицијата пред два дена влегла во општина Чаир во рамки на истрагата за дивоградбите во оваа скопска општина и одзела документација, потврдија од МВР за Телма.
Покрај од општината, одземени се документи и од Министерството за транспорт и врски. Истрагата е во тек и од МВР велат дека се работи по насоки на обвинителството.
Истрагата е отворена по пријавите на скопската градоначалничка која посочува дека околу 150 дивоградби во Чаир се легализираат спротивно на закон. Градоначалничката Данела Арсовска беше нападната во тек на една активност во Чаир, а поврзана со градржни зафати.
Во продолжение одговорот од МВР:
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува врз основа на издадени Наредби од ОЈО за ГОКК како и издадени Наредби од Судија на претходна постапка.
Во текот на 23.07.2025. врз основа на Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР одземаа документација од општина Чаир и од Министерството за транспорт и врски.











