Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата во Љубљана истражува дали 38-годишен македонски државјанин бил претепан до смрт

/

пред 377 дена

Сподели преку :

(ФОТО pixabay) Полицијата и обвинителството во Љубљана се уште го истражуваат случајот со смртта на 38-годишниот македонски државјанин кој рано утрово минатиот четврток беше најден мртов на улица во главниот град на Словенија. На телото се врши обдукција, а се прибираат и други информации и траги.

Првичните неофицијални информации се дека 38-годишниот маж бил претепан до смрт, но од полицијата официјално изјавија дека се врши истрага која треба да ја открие причината и да ги утврди околностите во кои починал државјанинот на Македонија.

-Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави во петокот попладне, Шпела Шкопорц, портпаролката на словенечката полиција.

Полицијата веднаш по отварањето на истрагата го утврдила идентитетот и државјанството на починатиот маж.

Миомир Серафиновиќ