Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Најдена 14-годишната Клара

/

пред 806 дена

Сподели преку :

14-годишната девојка Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврди за Телма нејизната мајка Ивана Т.

Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк.

Полицајците и блиските роднини и пријатели на Клара од претпладнево ги пребарувале двете локации, а кај Железничката станица (Транспортен центар) е најдена девојката во добра и стабилна здравствена состојба.

Од МВР го издадоа следното соопштение:

Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот.