Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредените во несреќата кај Катланово се во критична состојба

/

пред 742 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција врз телата на тројцата загинати во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.

Од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за утврдување на причините. Четворица од повредените во несреќа кај тунелот во близина на Катланово се пренесени на КАРИЛ потврдуваат за Телма.

Здравствената состојба им е стабилна но критична и сите се на интензивна нега. Еден од повредените е хоспитализиран во старата општа болница со тешки телесни повреди.

Несреќата се случи вчера попладнето кога од за сега непознати причини патничко комбе се преврти при што три лица загинаа, а делницата беше блокирана за сообраќај до рано утрово.

На денешната седница, Советот на Општина Велес, донесена е едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да се прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.