Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во стабилна состојба е, но има повреди на повеќе органи – д-р Јовчески за детето кое падна од зграда во Кисела Вода

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Детето е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега, изјави за Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јавчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.

Младиот пациен,т кој вчера попладне падна од зграда во Кисела Вода, е во одделот за интензивно негување.

„Не може да кажеме во моментот дали е надвор од животна опасност, но пациентот е во стабилна состојба, под постојана опсервација и извршени се дополнителни испитувања“, ни рече Јовчески.