Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во дом за стари лица во кавадаречко

/

пред 641 дена

Сподели преку :

Регионалниот центар за управување со кризи – Велес (РЦУК) известува дека во кавадаречкото село Чемерско избувнал пожар во дом за стари лица.

Според РЦУК-Велес, на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила, а исто така има три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци.

Во меѓувреме, со две возила се евакуираат 30 лица кои се сместени во старскиот дом во кавадаречко, известија од ЦУК.