Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот во поранешната фабрика „Треска“ по два часа е локализиран, пожарникарите се уште се на терен

/

пред 1634 дена

Сподели преку :

Пожарот е целосно локализиран, официјално информираа надлежните. Има индиции дека истиот е подметнат, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Командантот на скопската пожарна Ѕвонко Томевски не сакаше да коментира за причините за настанување на пожарот, но ги повика органите на прогонот да делуваат најбрзо што можат.

Пријава во скопската противпожарна бригада е пристигната во 14:10 часот. На терен се уште се 55 пожарникари со 10 противпожарни возила.

Сега ќе се расчистува теренот. Официјално, нема повредени.

Петар Догов