Илјадници корисници низ Македонија, но и во Турција, Бугарија, Грција и САД, неколку часа не можеа да пристапат до сервисите на Google. Не можеше да се користи електронската пошта, мапите на Google, но и сервисите Google Drive I YouTube. Најмногу пријави за проблеми со Google се регистрирани во периодот од 9 до 11 часот, кога сервисите целосно не функционираа. Многу корисници пријавија дека имале тешкотии во секојдневните обврски и работата.
„Денеска, околу 10 часот имаше прекин на сервисите на Google. Односно Google компанијата има повеќе сестрински компании како YouTube, Google Drive. Бидејќи тие се врзани една со друга сите беа оневозможени“, изјави Севдали Селмани, ЦИРТ.
Засега од Google нема официјални информации за причината за прекинот. ИТ-експертите велат дека може да станува збор за технички проблем, но не се исклучува ниту можноста за сајбер-напад. Доколку навистина станува збор за сајбер напад тогаш голем број податоци на корисниците се загрозени.
„Доколку станува збор за хакерски напад тоа веќе е многу опасно бидејќи знаеме дека Google има милијарди корисници што е и голем опфат на лични податоци, но и на приватни информации од бизнис компании“, додаде Селмани.
Прекинот траеше неколку часа, а во текот на денот, сервисите постепено почна да се стабилизираат.
Тамара Марковска











