Претседателот на Собранието Африм Гаши доцна синоќа е примен на Клиниката за дигестивна хирургија поради болки во стомакот. Од Клиниката изјавија дека на Гаши му е поставена дијагноза преплет на црева.
Во текот на ноќта, парламентарниот спикер е задржан во болница и му е аплицирана соодветна терапија. Состојбата му е подобрена, но и натаму ќе остане под лекарска контрола во болницата. Досега не е утврдена потреба од операција.
Преплет на црева е состојба кога цревниот систем отежнато ја преработува храната и го поречува нормалното функционирање на стомакот. Состојбата бара лекување и медицински третман, а често се применуваат и хируршки зафати.
Од Собранието засега нема официјално известување за состојбата на спикерот Гаши. Тој вчера беше во посета на Тетово каде се сретна со коалициониот партнер од ВРЕДИ, градоначалникот на Тетово Билал Касами.











