Денеска продолжува потрагата по 16-годишното дете кое вчера потона во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско.
Потрагата, како што посочуваат од ЦУК, се одвива во координација и со зголемено присуство на терен. Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили – Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗС. Полицијата во текот на вчерашниот ден информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката. 26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.











