Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Птица исфрли два блока на РЕК Битола од мрежа – снабдувањето со струја е нормализирано и непречено

/

пред 1094 дена

Сподели преку :

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница, при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, информираат од МЕПСО.

„Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ (вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вратено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено“, соопштија од АД МЕПСО.

Во соопштението се посочува дека штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што,с е подвлекува, АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа.

„Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни“, информираат од АД МЕПСО.