Претпладнево во скопско Батинци во вооружен напад е застрелан жител на селото, потврдија од МВР за Телма. Ранетиот е во тешка состојба. Бил погоден додека се наоѓал во автомобилот со неговата ќерка.
Според првичните информации, осомничен е М.Џ. кој избегал по настанот со зелен автомобил. Осомничениот за убиството претходно бил на меѓународна потерница за убиство и бил дел од криминалната група на Мали Репки.
Првичните наоди за мотивите се несогласувања односно осомничениот за убиството имал лични недоразбирања со својата жртва.











