Расте бројот на нови потврдени случаи на голема кашлица. Според последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за само една недела има 25 потврдени случаи што е што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период.
Подолг временски период таа бројка беше меѓу 25 и 50 позитивни случаи. Во текот на изминатиот период видовме дека таа бројка се спушти до 10 случаи на неделно ниво, така што се уште таа раздвиженост на бројките што ги гледаме во извештаите за голема кашлица во Македонија не можеме да кажеме дека е нешто на што можеме со сигурност да се потпреме за да кажеме дека имаме надолен тренд или дека епидемијата ќе може конечно брзо да заврши.
Кој е Вашиот апел до родителите ?
Да се почитуваат препораките кои ги даде Комисијата за заразни болести. Да се вакцинираат сите невакцинирани деца. Во моментов во Македонија вкупно се вакцинирани во периодот практично од прогласувањето на епидемијата до денес речиси 30.000 деца, толку впрочем вакцини се аплицирани , така што иницијалниот најдобар начин за заштита е вакцинација на сите оние деца кои што ја пропуштиле вакцината.
Според Мехмедовиќ доколку има дете кои има развиено симптоми треба да биде прегледано и дијагностицирано, за да не дојде до ширење на големата кашлица на други деца.
Во меѓувреме загрижувачка е и состојбата со морбили , затоа е важно да се подигне нивото на свест за имунизација, доколку го имаме предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавување на нови случаи. .
Нина Стефанова











