Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Референдум за преговарачката рамка, а не за менување на Уставот?!

/

пред 1555 дена

Сподели преку :

На референдумот што го најавија од ВМРО ДПМНЕ,  граѓаните ќе се изјаснуваат за тоа, дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот.Највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него, убедува партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Тврди дека маханизмот не е задоцнет.

Премиерот, пак, само еден ден по враќањето од Брисел, тврди дека веќе ги собираме плодовите од дипломатските чекори на неговата влада. Денеска потпиша договори за изградба на првата и втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, проект на кој се работи 29 години.

Пругата кон Бугарија е константно ветување во сите изборни циклуси од  осамостојувањето наваму. Оптимистичките прогнози на оваа влада се дека ќе биде завршена во 2027-та година.

Далиборка Демјанска