Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само еден понудувач на новиот тендер за компресорска станица во скопските клиники

/

пред 751 дена

Сподели преку :

Само една фирма се пријавила на тендерот за нова компресорска станица во скопските клиники до завршувањето на рокот, информира Министерството за здравство. Ако понудата биде прифатена, клиниките треба да добијат нов систем за компримиран воздух по завршувањето на новогодишните празници.

„Во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда“, велат во Министерството за здравство.

Телма веќе објави дека три фирми се интересирале за тендерот, но само една се пријавила.

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

На средината на јули пропадна претходниот тендер за нова компресорска станица, кој го спроведуваше службата за заеднички работи на клиниките, зашто ниту една фирма не се пријави на јавниот повик, иако и тогаш две фирми подигнале тендерска документација. Заедничките служби тогаш ја проценија цената на 28 милиони денари, односно околу 455 илјади евра. По пропаѓањето, набавката ја презеде Министерството за здравство, но сега не е објавено колку се очекува да чини.

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

Драмата со системот на компримиран воздух на скопска хирургија трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

На почетокот на јуни, салите беа повторно отворени но не се користеше системот за компримиран воздух, туку надворешни компресори, a беа повикани и германски експерти.

Срѓан Стојанчов