Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ тврди дека полициски началник од Пробиштип имал угостителски објект во училиште со регистрирани неправилности, а МВР дефокусира со кривична за нивен екс градоначалник

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Од СДСМ обвинуват дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ со отварање случаи се обидува да дефокусира од актуелните проблеми.

-Тоа го прават или со лажни вести од кујните за дефокус или со кривични пријави. Copy-paste рецепти од времето на Никола Груевски и по методите на Вучиќ, велат од СДСМ.

Последниот пример, според нив, е поднесената кривична пријава од МВР за поранешниот градоначалник на СДСМ од Пробиштип за решение поништено од него. Тоа според социјалдемократите е класичен дефокус по настанот кој се случил само пред два дена.

-При инспекциска контрола на објект во сопственост на началникот на ОВР Пробиштип биле утврдени низа неправилности. Објектот од намена училиште е пренаменет во ресторан, со узурпација на државно земјиште, за што постојат претходни постапки и правосилна судска пресуда. За ова зборува цел Пробиштип, соопштија од СДСМ.