Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска понуди македонска помош на Бугарија соочена со катастрофални поплави во кои досега загинаа четворица луѓе

/

пред 378 дена

Сподели преку :

Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија, соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Радев на социјалната мрежа Икс објави за телефонскиот повик со Силјановска.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот разговор и за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата“, објави Радев.

Бугарија неколку денови се соочува со големи поплави од обилни врнежи особено во источниот дел на државата. Досега се потврдени четири жртви кои загинале во поплавите.

Три лица загинаа, стотици ги напуштија домови – поплави во Бугарија