Светиот Синод на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија изрaзува најсрдечна благодарност на неговата Сесветост Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј за патријаршискиот и синодален акт за канонско и евхаристичко единство на нашата ерархија, при што прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет.
Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на нашата црква како и по препорака на Цариградската Патријаршија која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат правните прашања меѓу двете цркви, соопштија од МПЦ-ОА.
Цариград се вмеша во јурисдикцијата на СПЦ, коментира српски верски аналитичар
Бугарски теолози: Скопје ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија
МПЦ-ОА на чекор до признавање на автокефалноста од Вселенската патријаршија











