Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Телма вели дека за 6-мина полициски службеници меѓу кои и началник на РЦ Север на граничната полиција, Внатрешната контрола на МВР утврдила пропусти со случајот кога спикерот Африм Гаши со службен автомобил, обезбедување и свадбен конвој помина на граничниот премин Блаце кон Косово.
-Полицајците на терен овозможиле да се извади определено возило од колоните за редовниот ток на возила и да се внесе во колоната во која што бил и претседателот на Собранието (Африм Гаши). Неколку се конкретни полициски службеници кои презеле дејствие спротивно на подзаконски акти. А неколку се полициски службеници кои што се по хиерархија, старешини во рамки на МВР и одговараат затоа што не презеле соодветни дејствија односно по хиерархија требало да го спречат она што било сторено спротивно на подзаконските акти од страна на пониско позиционираните полициски службеници, изјави Тошковски.
-Одговорност е утврдена и кај полициски службеници кои директно постапиле, но и кај високопозиционирани службеници во рамки на МВР при што предлог за поведување дисциплински постапки и други мерки за овој настан е утврдена и кај полициски службеник кој е највисоко во хиерархијата, а којшто е назначен од моја страна, вели министерот Тошковски во интервју за ТВ Телма.











