Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ставил 5 евра во зелен картон при гранична контрола – приведен грчки државјанин на „Табановце“ поради поткуп

/

пред 560 дена

Сподели преку :

Грчки државјанин е приведен на граничниот премин „Табановце“ поради давање поткуп, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 08.04.2025 во 10:05 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П. (40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358, став 1 од Кривичниот законик. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.