Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тинејџерка тешко повредена откако со луксузен јагуар со друга девојка излетале од патот

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Деветнаесетгодишна девојка од Куманово е тешко повредено, додека нејзината другарка (20 години) возела луксузен јагуар и излетала од автопатот Куманово-Скопје. Во несреќата е повредена и девојката која го возела скапиот јагуар.

Несреќата се случила вчера претпладне, а полицијата извршила увид. Во продолжение целото соопштение од дневниот билтен на МВР:

-На 06.10.2025 околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.