Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема дебата за високото образование- Опаѓа интересот за студирање на универзитетите во Македонија

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Паѓа интересот за запишување на студенти на општествените науки. Бројот на матуранти се намалува, па оттука и бројот на студенти се намалува интересот за студирање на општествените науки, рече Неда Здравева, професор на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“

Атанас Кочов, професор на Машинскиот факултет, на прашањето дека 800 студенти од Македонија се запишале на универзитетот во Љубљана и како гледа на тоа, рече дека грешката ја гледа и во универзитетската заедница, децата бараат квалитет и подобри услови.

„Ние веќе го имаме 19 министер за образование од осамостојувањето и никој од нив не се посвети на структурните реформи во високото образование, нешто не е во ред и од аспект на финансирање и од аспект на законските одредби“, смета Кочов

Според Ратко Дуев, декан на Филозовскиот факултет во последните три децении големата миграција и падот на наталитетот се главните причини за намалување на бројот на студентите. Тоа се засилува и факултетите влегуваат во борба за студенти.

„И ние внатре во УКИМ имаме некоја борба за студенти и тоа заради партиципацијата. Секој факулетет треба да ја зголемува проодноста и гледа да придобие поголем број на студенти“, рече Дуев.