Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски останува на чело на МВР, интерпелацијата не помина

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Во Собранието не помина интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски која беше поднесена од Левица.

20 пратеници гласаа „за“,  а 72 беа „против“, по што спикерот Африм Гаши констатираше дека  Собранието “не ја прифати интерпелацијата на Панче Тошковски“.

Во интерпелациите беа посочени 10 точки од кои 5 се однесуваа на трагедијата во Кочани и дискотеката „Пулс”. Останатите точки се однесуваа на скандалот со знамињата, марихуаната во Карбинци, а беше посочено и апсењето на припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

Интерпелацијата се разгледуваше во текот на вчерашниот ден додека родителите и роднините на загинатите деца и млади во Кочани одржаа протестен “Марш за ангелите” на кој побараа одговорност за сите структури во системот вклучително и за активни функционери и полициски началници во чиј мандат се случи трагичниот пожар во кој загинаа 62 луѓе, а над 190 се повредени.

Жестоки меѓусебни обвинувања на интерпелацијата за Тошковски