Наноси од кал на локалниот пат Милино- Ѓуземелци, но и во нивите и градините, ова е епилогот по синоќешното невреме во руралната општина Лозово. Поплавите однесоа и над два хектори нови лозови насади, а водата во селото Лозово не смее да се пие.
Прооден е патот меѓу селата Милино и Ѓуземелци што вчера во должина од над 300 метри беше целосно поплавен и покриен со наноси од земја.Расчистување беше приоритет бидејќи брзата помош не можела да дојде до жена на која и била потребна медицинска омош.
Во рок од пет дена ова е трето невреме, штети има на нивите, а од денес почна нивното пријавување.
Формирани се Комисиите за утврдување на штетите, кои на терен ќе излезат по поднесување на барањата на жителите на Лозово, а потоа елаборатите ќе се достават до Државната комисија за штети.
Викторија Димитрова Јованова











