Српската царина објави дека патник се обидел преку преминот Прешево-Табановце да прошверцува непријавени девизи.
Патникот, странски државјанин, имал БМВ со австриски таблички, а од Србија сам патувал кон Грција.

Непријавените евра ги криел во фрижидерче за на плажа. Банкноти по 100 и по 50 евра го наполниле овој често виден покрајморски реквизит.
Подвижниот фрижидер наместо со храна до врв бил наполнет со снопчиња евра. Дел од парите биле сокриени во торбата за лап-топот.
Парите не биле пријавени, а во Србија е дозволено да се внесат и изнесат максимум десет илјади евра исто и како во Македонија.











