Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

/

пред 543 дена

Сподели преку :

Три лица загинале на лице место, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва во 20:55 часот се случила кога три возила се судриле на патот Кичево – Гостивар.

„Вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во која учествувале три возила. Според првичните информации, три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, информираа од СВР Охрид.

Поради несреќата сообраќајот на оваа патна делница беше во прекин во двата правци за сите видови возила.

Сообраќајката се случила меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на местото викано „Сеферов Бунар“.

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево