Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Василичарски обичаи под маски во Мокриево, Струмица

/

пред 997 дена

Сподели преку :

Рогови, крзно, парчиња од волнени черги, се дел од маската на странчинарите од Мокриево. А под нив луѓе кои силно веруваат дека на овој начин ја чуваат традицијата в чиј дух раснел селскиот идентитет и дух. Таков е Антонио Ташков, кој во целиот својот млад живот го сонувал денешниот ден, кога ќе ја навлече маската и ќе го игра познатиот танц со ѕвонците .

Еден од најавтентичните обичаи е пиењето греена ракија од ѕвонците на странчинарите. Малите деца со говорна маана се вели дека е доволно да ја допрат устата до ѕвонецот и нивниот проблем ќе се надмине. – вели Антонио Ташков-странчинар

Традицијата е вековна, а манифестацијата е обновена последните децении. Еден од најзаслужните за тоа е задолжен да биде и главен готвач на странчинарскиот ручек. – вели Живко Спасов

Странчинарските игри секоја година се одржуваат на Василица. Постарите велат дека во минатото секое маало имало своја група, се среќавале и надигрувале или бореле меѓу себе за превласт над селото, односно кој во колку маала ќе може да собира просија-храна

Сузана Мицева