Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Полициски командир пука со калашњиков на веселба под турско знаме, МВР го истражува случајот, а опозицијата обвинува за „дивјаштво“

/

пред 1135 дена

Сподели преку :

Полициски командир од Полициското одделение Ропотово (Прилепско) се автоматска пушка калашников пука во воздух од балкон додека ечи народна музика, се гледа и се слуша на видеото кое објавено на профили на социјални мрежи на повеќе опозициски пратеници.

Пратеникот Ковачки напиша дека „со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава. Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил.“

На снимката додека пука полицискиот командир се слушаат истрели и се гледаат траги од светлечки куршуми. Од МВР одговорија дека настанот е регистриран и се истражува, а против одговорните ќе следува соодветна санкција.

Дел од униформираните полициски службеници како службено оружје имаат и автоматски пушки или пиштоли, но нивната употреба е строго регулирана и дозволена исклучиво во полициски операции, активности, тренинзи и вежби. Според Законот за оружје строго е забрането и поседување и употреба на автоматско оружје, а цивили немаат никаква можност да имаат легално автоматски пушки и калашникови. За прекршување на законот се предвидени строги затворски казни.

На видеото се гледа дека командирот на полицијата во Ропотово е во цивилна облека и го добива калашников од друго лице кое го упатува како да пука.