Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата да им ги врати ингеренциите на општините?!

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Општините мора да си ги добијат назад правата и надлежностите што ги имаа до 1990 та година. Ова е само еден од заклучоците од меѓународниот форум на тема „Модерна општина„,одржан на на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Ректорот на обој универзитет смета дека, доколку општините си го вратат  системот по кој функционираат и поголемите светски градови, каде недлежностите се комплетни, нема да се случуваат ситуации како  дивеење на бесправни градби, кои градоначалниците не можат да ги запрат.

Како пример ја посочи Битола каде градоначалникот за реконструкција на помал мост четири месеци е во комуникација со разни органи и чека 30 – на решенија за одобрение. Во светот, вели, владите не се занимаваат со изградба на училишта, а премиерите не сечат ленти, затоа што тоа е работа на градоначалниците.

Според градоначалниците од другите држави, проблемите се отприлика сегде исти, но има различни начини за справување со нив.

На Форумот, и градоначалници од Словачка и Бугарија ги споделија искуствата од менаџирањето на нивните општини.

Далиборка Демјанска