Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години,
Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.
Претходно, Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година.
-Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија, се наведува во соопштението од Министерството.











