Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ и нивната реакција на понудата на Мицкоски: Очекувавме повеќе разум од Вас и храброст да се отргнете од мафијаши

/

пред 769 дена

Сподели преку :

-Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно не можат да се ослободат од криминалците кои уште долго ќе ги влечат надоле  Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно не можат да се ослободат од криминалците кои уште долго ќе ги влечат надоле, реагира ВМРО-ДПМНЕ по реакцијата на СДСМ за понудата за соработка и сплотеност од Мицкоски.

-Жално е да се гледа како СДС нема сила и храброст да се отргне од мафијашите кои им ја држат заробена партијата. СДС стана дувло за закрила на пар криминалци, кои ги имаат личните интереси пред се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на премиерот Мицкоски тврдат дека „државата има потреба од нормална и конструктивна опозиција, а не опозиција која секое свое делување ќе го насочува кон заштита на поединци кои сеогрешиле пред законот.“

Од СДСМ одговорија дека тие се и ќе бидат конструктивна опозиција за разлика од озпозициското делување на ВМРО-ДПМНЕ кое блокираше закони. Понудата на Мицкоски, од СДСМ  ја оценија со зборовите „Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ затоа што прави спротивно од она што го кажува.

Платформа со 10 принципи на Мицкоски, барање сплотеност во отсуство на опозиција и џез споен со зурли- прослава за Денот на независноста